Пјастри цели на Ф1 во 2023 година

Оскар Пјастри е подготвен да одмори наредната година и веќе води сериозни разговори за да влезе во Формула 1 од 2023 година. 

Лидерот во Формула 2 е член на Академијата на Алпин и нема место за него во Формула 1 независно дали ќе ја освои титулата или не. Во Ф1 има само едно слободно место и тоа во Алфа Ромео, но Пјастри не е меѓу кандидатите за тоа. 

Не сум многу сигурен за местото во Алфа ромео. Реално ќе бидам резервен возач на Алпин наредната година и ќе работиме да влезам во спортот од 2023 година.

Немам проблем да потрошам една година. Сеуште не е идеално бидејќи има многу возачи. Имаме сериозни разговори за понатака. Целам на 2023 година и Мислам дека тоа е најреално – посочи пјастри.

Тој планираше во Формула 3 да биде две години, исто како и во Формула 2, но ја освои титулата во Формула 3 во првата сезона и се чини ќе го повтори истото и   Формула 2. 

Мислам дека ми оди добро да бидам искрен. Природно ми доаѓа да ги стигам другите. Планот беше да бидам по две години во Формула 3 и Формула 2, но ми оди добро. Да не звучам арогантно но само на малку возачи им успеало. Џорџ и Шарл се двајца со слична кариера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ