Раиконен позитивен пред трката следниов викенд

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, беше една од деветте жртви на хаотичното Австриско Гранд При во Недела.

Иако имаше силно возење и беше блиску до поени, предното десно тркало на Раиконен се откачи целосно од неговиот болид по рестартот во 55от круг. Тој излета од патеката, со што стана седмиот возач кој се откажа.

Штета е да се заврши трката на ваков начин, кога ситуацијата изгледаше добро. Споредено со Сабота, направивме чекор напред и имавме релативно добра брзина. Тајмингот на првоот безбедносно возило не чинеше неколку места, но сеуште бевме во добра позиција со новите пневматици и можевме да се бориме за поени.

За жал, морав да се откажам. Проблемот беше изненадување, немав предупредување дека тоа може да се случи. Ќе мора да истражиме што се случи. За сега, може само да бидеме позитивни со нашата форма во трка и да продолжиме да го подобруваме болидот – Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ