Расипан мотор на Хонда продаден за 24 илјади евра

Расипан мотор на Хонда беше продаден на аукција за над 24 илјади долари иако истиот не стартува, но изгледа фантастично за нечија домашна колекција.

Моторот датира од 2001 година, модел RA00E, 3-литарски В10 агрегат и беше купен за точно 24.206 евра на скорешна аукција во Холандија по 47 понуди. Таа година таков тип на мотори користеа Џорда и БАР.

Според листингот на аукцијата, атмосферскиот В10 мотор со агол од 80 степени помеѓу цилиндрите развива 830 коњски сили при луди 17.900 вртежи. Моторот беше многу успешен таа 2001 година, најдобар резултат беше 3то место на Жак Вилнев со БАР на Шпанското и Германското Гранд При.

Моторот не работи поради тоа што внатрешното согорување и клиповите ги нема, а според листингот, јапонците одново го сосптавувале моторот секои 1200 километри. Доколку сопственикот сака експериментално да го вгради моторот во нкој болид, веројатно ќе му треба многу работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ