Реното на Алонсо продадено далеку под очекувањата

Болидот Рено Р24 на Фернандо Алонсо од 2004 година не се продаде за високата цена која беше очекувана. 

Тој требаше да се продаде за околу 385.000 фунти, но сепак, истиот беше продаден за “ефтини“ 217.808 фунти што е околу 260.000 евра. Болидот беше возен од Фернандо Алонсо на последните три трки во 2004 година во Кина, Јапонија и Бразил. Шпанецот заврши на 4та, 5та и 4та позиција соодветно и сезоната ја заврши на 4то место кај возачите. Но сепак, следната година со Рено Р25 ја освои првата од двете последователни титули. 

Помеѓу болидите на аукцијата се најде и Ферари Ф310 од 1996 година кој се продаде за 182.240 фунти иако се очекувало да се продаде помеѓу 50.000 и 85.000 фунти. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ