Рено бараат јаснотија околу копирањето, не војна

Сирил Абитебул, шефот на Рено, откри дека нивната жалба против казната на Рејсинг Поинт е само поради дополнително појаснување на тоа што е дозволено во однос на правилата, а не да се уништи односот помеѓу екипите или да се води војна надвор од патеката.

Рејсинг Поинт беа казнети со 400 илјади евра и одземање на 15 поени во конструкторскиот поредок откако ФИА ги обвини дека со користење на каналите за ладење на задните сопирачки го прекшиле спортскиот кодекс. Сепак, тимот доби дозвола да го користи спорниот дел до крајот на сезоната, а ФИА вети дека ќе имплементира нови правила за да се спречи копирањето од таков вид.

Во исто време со Рено, построга санкција бара и Ферари, а секако дека своја жалба, се разбира за ублажување на казната, поднесоа и од Силверстон.

од почетокот на овој процес не бараме судска развршница нити нарушување на односите помеѓу одредени тимови и луѓе во падокот, туку одговори на ситуацијата во која се најдовме, процедурите кои се користени, прекршоците кои се направени во спортот. сакаме сите да имаат јасна слика околу тоа што е дозволено.

ние го почнавме овој процес и сакаме да се осигураме дека ќе го водиме се додека не стане кристално јасно што е дозволено, а што е забрането. не зборувам за судска разврска, туку за општ договор, сакаме сите да бидат задоволни со промените кои ќе се направат – појасни абитебул.

Францускиот шеф го прифати тоа што ФИА сака да направи промени, но дополни и дека нема да се откаже од случајот се додека промените не се видат на дело.

не уверуваат дека промени ќе има, но се додека тоа не се реализира не се откажуваме затоа што знаеме дека се може да се случи, токму тоа го бараме.

очекуваме формула 1 да потврди дека формула 1 тркачка серија за конструктори, а не отворено првенство. сакаме да бидеме сигурни дека секој конструктор ќе го креира сопствениот болид, целиот аеродинамички концепт и секој болид да биде посебен концепт.

ние сме свесни дека правилата не се јасни и токму тоа го бараме со овој процес кој го почнавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ