Рено бара дозвола од ФИА за тест на Алонсо

Рено бара од ФИА дозвола да го вклучи Фернандо Алонсо на пост-сезонскиот тест за млади возачи во Абу Даби како дел од подготовките на искусниот шпанец за следната тркачка сезона кога се враќа во фабричката екипа.

Нандо е се повеќе заинтересиран за проектот на фабричката екипа поради нивната зголемена конкурентност, така што французите полагаат големи надежи во возачот следната сезона дека токму тој ќе им ги донесе очекуванте резултати.

првично пристапот на алонсо беше дека ќе вози кога ќе посака, но сега чувствувам дека стана многу нетрпелив да влезе во болидот и да го проба, дури и овој сегашниот. ги разгледуваме можностите за тоа, но разумни сме во барањето можност.

не размислуваме за петочна сесија затоа што тоа не му е потребно, не му треба да разботи на болидот во петок, а на нас ни треба соодветно сетиран болид за цел викенд. но, сакаме да го видиме во болидот затоа што гледаме дека е гладен да вози и да се трка- и јзјави сирил абитебул, шефот на рено.

Несакањето да го сместат во болидот во Петок им дава многу ограничени можности за тест на овогодинешниот модел дотолку повеќе што сезонскит етестови ги нема поради густиот календар и штедењето.

Традиционалниот тест по крајот на сезоната во Абу Даби во минатото траеше три денови и беше одработуван во комбинација од млади возачи, но и тестови за гуми за годината која следи. Но, пневматиците на Пирели ќе останат речиси непроменети за следната година, така што на Јас Марина ќе се тестира само еден ден, посветен на младите.

Правилата велат дека екипите може да тестират и со два болиди и млади возачи кои имаат помалку од две Формула 1 трки, освен ако ФИА не даде посебна дозвола за вклучување на некој возач. Поради тоа, ако Рено сака многу искусниот Алонсо да го донесе на таков тест, ќе им треба посебна дозвола од Федерацијата.

апсолутно гледаме дека пост сезонскиот тест на абу даби е најдобра шанса за алонсо. треба да видиме дали е таа опција изводлива согласно критеритумите и поради тоа разговараме со фиа.

Многу возачи ќе променат екипа следната година, така што ФИА веројатно ќе има повеќе од едно барање со дозвола за тест, но од страна на искусен возач. Рикардо ќе замине во Мекларен, Саинз во Ферари, а Фетел во Рејсинг Поинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ