Рено веќе работат на следните мотори

Рено веќе се во напредна фаза работејќи на моторот за 2026 година кој ќе биде под нови правила. 

Оваа година Формула 1 има нови правила за шасијата, но од 2026 година доаѓаат и новите мотори. Фоклскавен брендовите, Порше и Ауди, веќе најавија дека сакаат да се дел од гридот и тоа преку фабрички тим и производител на мотор. 

Шефот на одделот за мотори на Рено, Бруно Фамин, веќе најави дека работата одамна е започната на новите агрегати. 

Да, веќе почнавме да работиме според почетните основни правила. Правилата не се финализирани, но ние веќе работиме и сме во напредна фаза. 

Рено веќе инвестираа во нова зграда во Вири за склопување на моторите и ја реновираат самата фабрика. Фамин најави дека инвестираат во нови системи и тестови како подготовка за развојот на новата генерација мотори. 

Мора цело време да се инвестира, Затоа инвестираме и полека се подготвуваме за 2026 година. Мора да се адаптираат системите на новите технологии и правила. Секогаш има нешто ново за тестирање. 

Фамин објасни дека Рено немаат нивно механичко оделение и се фокусираат на конструкцијата и тестот на моторот и работат со доставувачи за да го направат моторот. 

Тоа не двои од нашите конкуренти бидејќи немаме свое механичко оделение. Ние се концентрираме на дизајнот и тестот. 

Алпин е единствениот тим со Рено мотор на Формула 1 гридот. Овогодинешниот мотор е целосно нов и фокусиран на перформанси, а не на издржливост бидејќи со замрзнувањето на моторите може да се работи само на издржливоста. 

Фактот што моторот и болидот се борат понапред е доказ дека добро работиме. Сега треба да го задржиме притисокот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ