Рено на Алонсо од 2004 година оди на аукција

Шасија на Рено Р24 возена од Фернандо Алонсо на крајот од 2004 година ќе биде понудена на аукција.

Наддавањето ќе биде организирано од престижниот RM Sotheby’s и на него ќе биде понудена Р24-07 шасијата која Нандо ја возече на последните три трки од сезоната, при што очекувањата се да биде купена за 300-400 илјади фунти. Шасијата го има управувачот направен по теркот на Алонсо, а шарите се останати од трките во Кина, Јапонија и Бразил кои беа финиш на таа сезона.

Фановите на В10 моторите од три литри беа воодушевени кога Фернандо Алонсо на трката во Абу Даби во 2020 година одработи демо серија со шампиоскиот Р25 болид, додека неговиот претходник кој е понуден на аукција дојде до само една победа со Трули во Монако.

Р24 болидот е еден од неколку автомобили кои ќе бидат понудени на аукцијата наменеат за богти купувачи, ќе има класични модели на Ферари како Дино 308 ГТ4 од 1975 година и 250 ГТ Серија 2 Кабрио од 1959 година. Формула 1 болид на Ферари Ф310 наменет само за изложба ќе биде понуден и треба да биде продаден за 50-100 илјади фунти.

Астон Мартин ДБ4 Кабрио  исто такаоди на аукција и се очекува да биде продаден за 1 милион фунти, а ретко Ферари Ф50 веројатно ќе биде најскапо возила на аукцијата и се очекува да биде продадено за над 2,5 милиони фунти.

Целосната колекција која RM Sotheby’s ќе ја понуди на аукцијата може да ја проследите на следниот линк.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ