Рено: Новиот Алонсо не е повеќе “тежок“

Oд Рено веруваат дека во Формула 1 враќаат нов и подобар Фернандо Алонсо, кој не е повеќе токсичен и тежок како за време на последното учество во спортот.

Францускиот тим потпиша двегодишен договор со шпанецот со кој Алонсо ќе го започне третиот период во Формула 1 и тоа со тим со кој ги освои своите две титули. Но, иако тој се здоби со имиџ дека ги шири своите фрустрации во јавност кога работите не одат во негова полза, тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, верува дека возачот има целосно поинаков карактер сега.

Мислам дека периодот кој го помина надвор од патеката му даде можност да почне одново, да сфати колку е среќен и привилигиран што работи во Формула 1 и најверојатно да дојде со свеж став. Да не заборавиме дека конкуренцијата може да биде токсична над луѓето, над индивидуалци. Колку и да се обидувате, колку напорно да работите, не може да победите. Тоа спортот го прави.

Не сум изненаден дека таков спорт создава такви ситуации, но и поради тоа Алонсо беше толку заинтересиран за новиот профил на Формула 1, а можеби и новиот Алонсо да биде дел од новата Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ