Рено потврди дека Алонсо ќе вози во Абу Даби

Формула 1 тимот на Рено официјално потврди дека Фернандо Алонсо ќе продолжи со подготовки за следната сезона и враќање во Формула 1 н атестот за млади возачи по крајот на Абу Даби Гранд При трката, последна сезонава.

Како што најавивме вчера, Алонсо добил дозвола да се приклучи на тестот од страна на ФИА откако Рено силно лобираа на нивниот нов возач да му биде направен исклучок. Сезонава Нандо имаше само 100 километри ден за снимање во Барселона со тековниот болид, но и неколку долги тестови со машинерија од пред две години.

Овогодинешниот тест за млади возачи е всушност замена за тестот кој традиционално по крајот на сезоната се одработува за Пирели, а намената му е да им се даде можност на младите возачи со помалку од две трки зад себе да добијат искуство. Сепак, потоа настанот се отвори и за сите оние кои не се тркале сезонава, така што Себастиен Буеми од Ред Бул и Роберт Кубица од Алфа Ромео ќе се појават на него.

Ривалите на Рено сметаа дека со дозволата на Фернандо, фабричкиот тим ќе добие предност, а неговото искуство ќе им помогне многу во развојот на болидот во текот на зимата.

Екипите иаат дозвола да возат со по два болиди на тестот, а паралелно со Алонсо еќ вози и младиот кинез Гуанју Жу.

Шефот на тимот, Сирил Абитебул, откри дека константата поддршка за млади возачи од страна на Рено, вклучувањето на Жу од претходно во тест ростерот, им помогнало на Рено да ја убедат ФИА да му даде дозвола на Алонсо да вози.

сакаме да и се заблагодариме на фиа и на формула 1 што ги прифати нашите планови за тест. со тоа ја признаа нашата посветеност кон младите возачи во јуниорските категории и личната посветеност на фернандо он кариерите на млади таленти.

жу има искуство во академијата на рено откако стана наш член лани. работеше напорно и даде придонес со своите перформанси во екипата преку работа во симулаторот и одработување тест програми. воодушевен сум што ќе може да го вози рс20 оваа сезона.

за фернандо тестот ќе биде следен чекор во неговото враќање во формула 1. неуморно рабтои за да се подготви колку што може повеќе за 2021година. сака целосно да се посвети и да придонесе не само кон тимот, туку и кон фанови на кои им недостасуваше минатите две години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ