Рено потврди: Алонсо ќе тестира денеска

Формула 1 тимот на Рено конечно потврди дека денеска ќе биде враќањето на Фернандо Алонсо во болидот на автодромот Барселона Каталуња, негова домашна патека.

Во кусиот твит со видео клип, Рено напушаа дек е вистина оти Фернандо ќе тестира денеска крај Барселона во РС20 тековниот болид на тимот.

Двократниот првак сака да собере колку што може повеќе искуство од овогодинешниот болид и поради тоа екипата му додели ден за снимање кој е ограничен на вообичаените 100 километри со посебни гуми. Ова ќе биде прво возење на Формула 1 болид на Нандо за Рено од Големаа награда на Абу Даби во 2009 година после која направи трансфер во Ферари.

Последното појавување во болид на Фернандо беше во Април лани кога тестираше Мекалрен со мотор на Рено како дел од помошта која им ја даваше во Вокинг, а во Август годинава последен пат се тркаше во Инди 500.

Следната гоина Алонсо ќе вози заедно со Естебан Окон во екипата која ќе се вика Алпин.

логично беше да продолжиме на патеката со работата која ја одработивме во симулаторот и во фабриката. мене не ме инетресира 5то, 6то 7то место, овој спорт или победувате или не – појасни алонсо.

По одлично одработеното Ајфелско Гранд При, шефот на екипата, Сирил Абитебул, откри дека Фернандо е целосно посветен на проектот и секојдневно контактира со него.

добивав пораки од алонсо пред викендот, за време на трката и по неа и искрено сум импресиониран од тоа колку е заинтересиан. сигурен сум дека поради тоа стана дел од оваа екипа и не престана да комуницира со нас.

колку што повеќе одминува оваа сезона и болидот нап редува, толку тој повеќе се интересира аз тоа што го работивме. мислам дека тој е ајкула и штом намириса крв сака да нападне. таков е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ