Рено размислуваат за промена на концептот на мотор како оној на Мерцедес

Рено проценуваат дали ќе им се исплати промена на концептот на моторот налик на оној на Мерцедес со разделен турбо полнач и компресор како дел од плановите за следната тркачка сезона.

Минатата година францускиот произвоител одбра да го промовира својот нов мотор поради пандемијата и истото беше одложено за 2022 година. Тоа значи дека годинава користат само подобрена верзија од ланскиот агрегат, но добија дополнително време да направат проценка за во иднина.

Една од идеите на кои се размислува во Вири е промена на концептот кон оној на Мерцедес кои први ги одделија турбо полначот и компресеорот како составни елементи од моторот. Од почетокот на турбо хибридната ера, “сребрените стрели“ работат со тие два елементи на различни страни од агрегатот. Користа е многу подобро спакуван пакет кој има предност во однос на распределбата на тежината и аеродинамиката.

Јапонците почнаа да ја копираат идејата на Мерцедес во 2017 година како дел од напорите да го подобрат својот мотор, додека Ферари најавуваат дека ќе го сторат истото догодина. Сега и Рено стана последен кој размислува за таква идеја, а медиуите шпекулираат дека при последната посета на Фернандо Алонсо на фабриката во Вири, шпанецот бил запознаен со таквио концепт.

Шефот на програмата за мотори на Рено, Реми Тафин, потврди дека во Вири се размислува за таков концепт.

вистина е, размислуваме за таков концепт и можеби ќе тргнеме по тој пат. сигурен сум дека видовте некои фотографии кои беа објавени при посетата алонсо, нема да лажам и ќе откријам дека го проценуваме тој концепт – најави тафин.

Рено открија дека овогодинешниот мотор во задниот дел од болидот на Алпин е подобрена верзија на ланскиот со модификации првично планирани кон средина на минтата година пред работите да бидат замрзнати поради пандемијата.

ги импементиравме модификациите кои првично беа наменети за средина на минатата сезона и тоа го сторивме на почетокот на оваа. се работи повеќе за еволуција која требаше да ја воведеме лани одошто за нов мотор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ