Рено сакаат партнерски однос со муштериите

Рено сака да снабдува други Формула 1 екипи, освен фабричкиот, со свои мотори, но само ако станат нивни партнери, а не обични муштерии.

Од следната година, французите ќе си ги користат своите мотори само во фабричката екипа откако сегашните нивни муштерии, Мекларен, веќе имаат договор со Мерцедес од 2021 година. Абитебул е задоволен што компанијата ќе може да се фокусриа само на фабричката екипа во моментов, но не би отфрлил можност да се соработува со некој во иднина.

доколку почнеме соработка тоа треба повеќе да е од партнерски тип одошто обична соработка со муштерија. муштерија не ви носи ништо освен пари, додека партнерот ви носи дополнителна вредност која може да постигнете одредена спортска или деловна цел.

финансиските трансакции ионака се регулирани така што од спортска и техничка перспектива сме заинтересирани да добиеме силен партнер во вири – вели абитебул.

Хонда сеуште се нема обврзано на долгорочно останување во Формула 1, а договор со Ред Бул има само уште за следната сезона, така што можно е во Милтон Кинс да се појави потреба за мотор, но Сирил не верува дека ќе има обновување на соработката со “биковите“ особено по начинот на кој истата беше прекината.

ред бул е фабрички тим на хонда, а јапонците треба прво да ја решат својата посветеност во спортот и тоа тали ќе останат и во иднина со ред бул. ние сме работувале со ред бул во минатото, но не одеше како што треба.

За време на тркачкиот викенд во Монца Абитебул изјави дека Ред Бул пропуштиле многу што во минатото немале статус на фабричка екипа.

бев запрашан зошто ред бул има потешкотии какви што има и по мене тоа причината е затоа што одбија можност за поголема интеграција со некој производител.

ние имаме фабрики во вири и енстоун и долгорочна посветеност на спортот, иднината е обезбедена и сега сакаме некој партнер за дополнителна вредност, но се сомневам дека ред бул ќе биде наш партнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ