Рено со втор Кинез во својот јуниорски погон

Рено додаде втор кинески возач како дел од својата Формула 1 јуниорска програма откако Је Јифеи му се приклучи на “староседелецот“ Ју Жу во тимот. 18-годишниот тркач сезонава ќе дебитира во новата Формула 3 и ќе вози за Хајтек ГП.

го следиме ји јифеи веќе некое време, не импресионираше со неговите резултати во младинските категории како и способноста да се интегрира во било која тркачка и културолошка околина. за нас неговата иднина е ветувсачка и нетрпеливи сме да го водиме низ следните нивоа од неговата кариера како што ќе напредува низ другите тркачки серии – изјави сирил абитебул, шефот на рено.

Ји е Формула 4 првак на Франција од 2016 година победувајќи 14 пати на 23 трки во својата втора сезона во таа серија. Потоа мина во Формула Рено, победи на неколку трки од НЕЦ серијата и заврпи на 3то место во Еурокуп во 2018 година пред Макс Футрел и Кристијан Лундгард кои се исто така членови на Рено.

чест ми е што ќе станам дел од академијата на рено затоа што низ годините гледав како нивни членови стигнуваат до неверојатни работи во тркањето. тие даваат неверојатна поддршка во сите области, физички тренинг, работа со инженери, искуство со медиуми и водење низ кариерата.

секако дека сфаќам колку е важно и каква привилегија е да се работи со глобален бренд како рено и нетрпелив сум да ја почитувам нивната репутаија преку силни резултати во иднина. ќе работам напорно да стигнам од формула 3 до формула 1 еден ден.

Академијата на Рено има седум возачи, а освен веќе споменатите Ју, Жу, Феутрел и Лундгард тука се и Ентоан Хуберт, Виктор Мартинс и Каио Коле.ж

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ