Рејсинг Поинт немале доволно делови по трките во Бахреин

Од Формула 1 тимот на Рејсинг Поинт открија дека се соочиле со недостаток на резервни делови по крајот на втората трка во Бахреин, Шакирското Гранд При, така што донеле цел асортиман делови од својатра фабрика во Силверстон со приватен лет.

Екипата на последната трка стигна до најобриот резултат во историјата под сегашните сопственици со победата на Серхио Перез и третото место на Ленс Строл, феноменален двоен подиум за “розевите“.

Но и покрај фантастичниот резултат тимот имал главоболки и потешкотии по првата трка откако Строл се преврте обратно по дуелот со Даниил Квјат, додека Перез имаше откажување на кинетичкиот дел од моторот. Тоа им направило проблеми, како што откри шефот Шафнауер, поради што се соочиле со недостаток на делови.

Сопственикот Ленс Строл помогнал со својот приватен авион кој од фабриката во Велика Британија со посебен лет специјално отишол и земал делови за да стигнат во Бахреин на време за втората трка.

имавме голем недостаток на резервни делови минатата недела откако едниот болид се преврте, а другиот се запали поради проблеми со моторот. не можевме да составиме два болиди, но сите работеа напорно во фабриката, се работеше ден и ноќ за д асе произведат деловите.

авионот на лоренс се врати во силверстон, чекавме до четврток за да можеме да донесеме колку што може повеќе делови на патеката за двата болиди. поради тоа оваа победа во никој случај не е индивидуална – откри тимскиот шеф отмар шафнауер за британски ѕку.

Американецот откри дека среќата по победата била уште поголема поради фактот што пред една недела им откажа моторот додека се бореа за подиум и беа страшно разочарани.

по тоа што го преживеавме минатата недела, оваа победа е многу послатка.

Со двојниот подиум Рејсинг Поинт си го врати 3то место во поредокот пред Мекларен на една трка пред крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ