Рејтингот на Ф1 во Америка пораснал за 54%

Оваа година е забележана рекордна телевизиска публика во Америка за време на Формула 1 телевизиските пренос, а се очекува таа да продолжи да расте. 

Оваа година беше срушен рекордот на ЕСПН од 1995 година каде просечно 934.000 американци ги гледале трките во текот на сезоната. Сега трките можеа да се гледаат на АБЦ, ЕСПН и ЕСПН2 и според извештајот на Спортс Бизнис растот на гледаност е 54% споредено со 2020 година кога 608.000 гледечи ја следеле сезоната. 

Последната трка во Абу Даби ја следеле 963.000 гледачи преку ЕСПН2 и се очекува таа бројка да порасне со додавањето на Мајами на календарот. Најголема телевизиска публика имало на трката во Остин каде трката била следена од 1.2 милион гледачи на АБЦ и плус уште 400,000 публика на самата патека. 

ЕСПН со нетрпечние чекаат да продолжат да ја пренесуваат Формула 1 и наредната година. 

Сакаме да бидеме долгорочен партнер на Формула 1 и ќе продолжиме да помагаме да расте спортот во Америка. Имаме надеж.

Во моментов нема ништо посебно да се најави. Чекаме да почне новата сезона. Задоволни сме со партнерството и очекуваме уште повеќе соработка во иднина – изјави Џон Сученски кој е програмски директор на ЕСПН. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ