Роси: Имавме проблеми уште пред сезоната

Главниот извршен директор наАлпин, Лорен Роси, откри дека тимот работел шаблонски за време на предсезонскиот тест за годинава.

Екипата од Енстон имаше релативно успешна сезона во која завршија на 4то место во конструкторскиот поредок, но имаа доста проблеми со издржливоста во текот на календарот од 22 трки, особено на болидот на Фернандо Алонсо. Проблемите беа видливи уште на првиот предсезонски тест во Барселона во Февруари, а последниот ден тимот комплетираше очајни 12 кругови по Барселона – Каталуња поради пожар.

Фабричкиот тим на Рено беше во топ 3 екипи со најмалку километри на првиот тест, што Роси откри дека ги ставило во тешка позиција.

капацитетот на енстон и вири е толку голем што успејаа да донесат толку новини во текот на сезоната што станавме многу конкурентни по лошиот старт. почнавме во лоша форма, стигнавме во барселона немајќи претстава каде ни се проблемите, но добивме идеја како да се развиваме, но ни требаше време затоа што болидот беше потполно нов.

потоа се обидовме да надоместиме и напредуваме низ гридот. никој не ни претпоставуваше дека можеме до топ 8, так велеа – се присетува роси.

Во најголем дел од сезоната Алпин се бореа против Мекларен за 4то место во поредокот кое го запечатија на последната трка во Абу Даби. Делумно успешната година дојде откако во пресрет на сезоната во тимот дојде до промени, шефувањето го превзема Отмар Шафнауер, а главен во одделот за мотори стана Бруно Фамин.

на почетокот на сезоната целта беше да поставиме целосно нова структура, што и го направивме. таквата структура требаше да донесе иновации и напредок во текот на целата сезона со цел да станеме конкурентни, што на крајот и се оствари.

важно беше не само финансиски туку и во секоја гледна точка да го задржиме моментумот. рековме дека ќе се обидеме да напредуваме константно, секоја година, затоа што само на тој начин би стигнале до врвот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ