Русите најавуваат тужба за откажаната трка

Организаторите на Големата награда на Русија најавија правни мерки кон Формула 1 откако тркачката серија реши да не организира трка во земјата, а одлука беше еднострано донесена иако промотерите имаат валиден договор.

Алексеј Титов, првиот човек на промотерот Росгонки, откри дека ситуацијата по откажувањето на трката ескалирала, а во таа насока се движеле и санкциите наметнати кон руските компании, спортски екипи и спортисти.

долго време соработуваме со фиа и со формула 1 и сеуште разговараме за новонастанатата ситуација и како да не се ризикува повеќе.

во врска со откажувањето, ни беше дадено известување 10 часови претходно, истото беше еднострано и никој не ни чу што имаме да кажеме како што кажав, продолжуваме да размислуваме на таа тема и во моментов не можам да откријам ништо повеќе.

можам да потврдам само дека трката е откажана поради виша сила, но тоа е сторено еднострано. правиме анализа за дополнителни правни мерки, не ни е лесно, но продолжуваме да се бориме.

нема никаква смисла да зборуваме за крајниот исход за овој проблем и мораме да работиме за да го решиме соодветн овој проблем затоа што знаеме дека ова што не се случи не е исправно – посочи титов,

Едно нешто кое Титов вели дека со сигурност ќе го бара е враќање на котизацијата која Росгонки ја платиле за организација на трка во 2022 година, која патем е помеѓу највисоките кои некој организатор ги плаќа.

морам да разговарам со формула 1 за враќање на парите затоа што плаќањето е делумно завршено, а тие мора да ни ги вратат парите без оглед дали сакаат или не.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ