Руското Гранд При официјално откажано

Формула 1 потврди дека нема да одржи Гранд При трка оваа сезона која беше закажана за 25 Септември поради инвазијата на Русија над Украина од вчера.

Во текот на вчерашниот ден од тркачката серија открија дека будно го следат развојот на настаните по отпочнување на војната и најавија состанок со тимските шефови попладнето. Денеска Формула 1 официјално потврди дека нема да се трка во олимписко Сочи.

формула 1 светското рпвенство се трка во различни земји низ светот со позитивна визија во обединување на луѓето и зближување на нациите. го следиме развојот на настаните во украина со тага и шок и се надеваме на брзо и мирно решавање на настанатата ситуација.

во четврток вечер, формула 1, фиа и тимските шефови ја анализраа позицијата на спортот и условите, вклучително и релевантните страни, така што донесовме заклучок дека е невозможно да се тркаме во русија во актуелните услови – гласи соопштението.

Годинешново Руско Гранд При требаше да биде последно во Сочи пред планираното селење на настанот во Санкт Петерсбург.

Денеска и УЕФА одлучи да ја одземе организацијата на финалето во Лигата на шампионите од Санкт Петерсбург.

ВТБ е втора најголема руска државна банка и е главен спонзор на Руското Гранд При, но како дел од санкциите, нејзините средства во Британија и Америка се замрзнати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ