Сарџент му се извини на Де Врис за сударот

Дебитантот на Вилијамс во Формула 1, Логан Сарџент, се извини на Ник де Врис од АлфаТаури откако го удри  за време на вториот рестарт на трката за Големата Награда на Австралија.

Среде хаотичната завршница на трката за во Австралија, американскиот возач избегна казна за судирот. За инцидентот се обвини дека не можел да ја подигне температурата во гумите и сопирачките, проблем со кој сите возачи се мачеа во текот на викендот во различен степен.

Несреќата на Сарџент беше еден од многуте инциденти што се случија за време на второто стоечко рестартирање на трката во кругот број 57, кој беше брзо прекинат од контрола на трката по хаотичните први два свиоци.

По првиот свиок, Естебан Окон и Пјер Гасли се судрија во одделен инцидент, Карлос Саинз го изврте Фернандо Алонсо, што резултираше со казна од пет секунди за возачот на Ферари. Сарџент беше последниот од преостанатите тркачи пред да удри во Де Врис кој го беше на 15то место.

Возачот на Вилијамс ги блокираше тркалата во првиот свиок со ладни гуми и сопирачки, удирајќи во задниот дел на АлфаТаури, оставајќи ги двајцата дебитанти  надвор од трката и заглавени во чакалот.

Последниот рестарт беше прилично чуден. Се чувствував како да закочив како на претходните две рестартирање, но се чинеше дека немаше температура во сопирачките и гумите.

Ја притиснав педалата и веднаш беа заклучени двете предни гуми и не можев ништо да направам од таму.

Жал ми е за Ник, не сакав да го завршам денот така. Тоа беше доволно тежок ден како што беше и беше разочарувачки да се заврши така – изјави логан по трката.

Откако веќе испадна од поени кога Естебан Окон се судри со него на излезот од свиокот број 3 претходно во трката, Де Врис не го обвини дебитантот на Вилијамс.

Секој може да направи грешка и погрешна проценка и тоа е тркачки инцидент, ќе продолжиме понатаму и ќе се надеваме на подобра трка следниот пат – рече тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ