Саудиска Арабија ќе добие патека дизајнирана за повеќе претекнување

Шефовите на Гранд При трката во Саудиска Арабија која премиерно ќе се одржи следната сезона открија дека дизајнот на нивната нова патека низ улиците на вториот по големина град, Џеда, е насочен кон што повеќе можности за претекнување.

Кралството од Средниот Исток објави дека склучиле договор со Формула 1 за премиерна трка кај нив во Ноември следната година, а трката ќе биде претпоследна во календарот. Ќе се вози под рефлектори околу крајбрежниот дел наречен Корниш, во северниот дел на градот.

Организаторите веќе потпишале договор со Херман Тилке кој треба да ја дизајнира патеката, но со голема вклученост и на Либерти Медиа кои сакаат модерните софтверски системи да им помогнат во симулациите.

Принц Калид Бин Султан Ал Фаисал, Претседателот на Моторспорт Федерацијата на Кралството е одговорен за трката и откри дека организаторите не сакаат патека која изгледа убаво на телевизија, туку сакаат возбудлива трка.

наша цел е да направиме возбудлива и неизвесна трка и не сакаме да бидеме здодевни и без претекнување. за нас кои организираме трка, целта е забавата и сметаме дека тоа можеме да го постигнеме само со возбудлива трка.

не се работи за пејсажи, околина и убавина, планираме тркачки спортски настан кој треба да биде брз и треба да биде возбидив. ако го погледнете корниш ќе сфатите каква идеа ќе имаме, нема да биде бавно, сакаме брзина и возбуда и повеќе претекнување – најави принцот.

Тој е свесен дека другите улични патеки изгледаат импресивно на телевизија, но ретко кога се спектакуларни за гледање.

сите сакаат да ја гледаат трката во монако, прекрасен настан, но во однос на тркањето, нема претекнување, тоа не е возбудливо. нема да биде така кај нас, сакаме трка која ќе изгледа убаво, но настанот ќе биде средиште на се, тркањето ќе биде во центарот и ќе има возбуда.

Саудијците велат дека 80% од патеката се дефинирани и веројатно ќе се разликува многу од се што е до сега видено.

не сакаме да бидеме само уште една трка, туку сакаме да сме посебни. сакаме трката да биде спцифична, да биде најдобра и работиме заедно со формула 1 и тилке.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ