Сега и Фетел бара тест во Абу Даби

Откако ФИА му одобри на Фернандо Алонсо да вози на тестот за млади возачи по трката во Абу Даби, на истата патека, се појавија уште многу други возачи кои ќе менуваат тим со желба да добијат дозвола за да го пробаат новиот болид. 

Отмар Шафнауер не се согласува со дозволата која ја доби Алонсо од ФИА. 

Правилата се јасни, млад возач и двократен шампион не е исто нели?

На ова врати Абитебул од Рено. 

Чудно е што се буни Отмар до ФИА кога има нелегален болид. Го прифативме тоа и сега ова е иронично.

Алонсо призна дека тестот е важен за него. 

Не знаеме каков удел ќе има ова на правилата за 2021 година и колку ќе бидат слични болидите, но добро е да го пробам. Од друга страна не сум возел болид речиси две години. Го возев тој од 2018 година и мислам дека сум подготвен. 

Доколку Алонсо добие дозвола, Себастијан Фетел смета дека и тој треба да добие зелено светло од ФИА. 

Зачуден сум како се појави овој проблем. Тимовите се согласиле, но всушност не е така. Има посебни правила за посебни луѓе. Не знам каде се денес, но тест би ми помогнал. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ