Сеидл: Нашите конкуренти многу напредуваа

Андреас Сеидл побарал од неговите да останат фокусирани по одличниот старт оваа сезона во Бахреин. 

Тоа беше прва трка за тимот со Мерцедес мотор каде завршија на четврта и седма позиција и веќе се во добра позиција за одбрана на ланското трето место кај конструкторите. 

Но сепак Ферари и АлфаТаури многу напредуваа и беа пред Мекларен на квалификациите. 

Доаѓаме на Имола овој викенд по силниот старт на првата трка и клучно е да останеме фокусирани. Тимот и нашите колеги од Мерцедес работат напорно да го оптимизираат пакетот и да се бориме за поени. Јасно е дека нашите конкуренти напредувале но ќе мора да се следи ситуацијата. 

Минатата година Имола имаше скратен викенд и се требаше да се оптимизира за три дена. Сега имаме нов предизвик по последната трка бидејќи оваа патека е потесна и нема толку шанси за престасување. Спремни сме за нова возбудлива трка со малку шанси за престасување и не чека возбудлив викенд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ