Сеуште нема ноќна трка во Сочи

Организаторите на Големата награда на Русија во олимпискиот град Сочи сеуште не се подготвени за ноќна трка. Откако се појави трката на календарот се зборува за ноќно издание под рефлектори.

Трките под рефлектори се доста интересни, но трката во Русија е спектакуларна преку ден.

Секако разгледувавме опции, но сеуште не планираме да има трка под вештачко светло – изјави Алекси Титов кој е шеф на промотерот Росгонки.

Тоа е поради ситуацијата дека деновите на Сочи се одбројани, откако претседателот Владимир Путин објави дека сака да ја пресели трката во Санкт Петерсбург во 2021 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ