Се враќа ли Верлејн во Ф1 преку Торо Росо ?

Во екипата на Торо Росо може да се случат два камбека на поранешни Формула 1 возачи откако се појавија шпекулации дека Паскал Верлејн би можел да го замени Брендон Хартли за 2019 година.

Се очекува Даниил Квјат да биде објавен како нивен возач на Руското Гранд При со претпоставка дека договорот бил потпишан во Сингапур.

Сега уште еден поранешен Формула 1 возач, Паскал Верлејн, би можел да се врати откако Мерцедес откри дека ќе се разделат со него на крајот на 2018 година. И самиот Верлејн потврди дека преговара со Формула 1 тим.

Ги разгледувам новите предизвици и можности и моментално разговарам со други екипи околу возачко место наредната сезона – вели Верлејн.

Sky Sports како и францускиот медиум L’Equipe веруваат дека Торо Росо се екипата кој е подготвена да му даде уште една шанса откако тој го загуби местото во Заубер во полза на Шарл Леклер.

Ова не е прв пат Верлејн да е поврзан со место во Торо Росо. 23-годишниот германец беше еден од возачите за местото на Хартли додека екипата активно бараше замена за возачот од Нов Зеланд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ