Силверстон до своите членови: Не си ги барајте парите назад

Британскиот клуб на тркачки возачи преку својот Претседаел, Џон Гранд, побара од членовите да не барат враќање на парите од купените карти оваа сезона затоа што Автодромот иоанак се мачи со финансиите.

Трката сеуште може да се одржи согласно првично закажаниот датум на 19 Јули, иако Формула 1 не доби одобрување персоналот вклучен во трката да не биде предмет на задолжителен карантин при пристигнувањето во Британија. Но, и да се одржи трката, истата секако ќе биде без публика, посетители кои носат огромни приходи ако се земе во предвид фактот дека Силверстон секогаш е најпосетуван.

Оние кои купиле влезници за овогодинешниот настан имаат право да ги заменат и истите да важат во 2021 година, но и да си ги побараат парите назад. Стјуард Прингл, оперативниот шеф на патеката, најави дека ќе загубат многу пари сезонава доколку потенцијалните гледачи решат да си ги побараат парите назад.

многу членови ме прашаа до каде сме со финансиите и колку итно ни се потребни финансии. можам да кажам дека компанијата преживува благодарение на готовината добиена од продажбата на влезници на овогодинешниот настан – откри претседателот џон грант.

За овогодинешниот настан продажбата на влезници беше рекордна, но тие средства се искористени за тековно одржување на патеката и плаќње на работниците, кои во моментов користат мерка од Владата за задолжителен одмор. Исто така, патеката исплатила и долг од 18,6 милиони фунти направен за да се плати ланската котизација за учество во Формула 1 календарот.

нема сомнеж дека 2020 година која на почетокот изгледаше мнгоу ветувалки, ќе биде многу тешка за да се преброди од страна на клубот. бевме во најсина позиција споредено со неколкуте последни години, но се појави пандемијата со корона вирусот и веројатно ќе загубиме многу пари оваа година.

во моментов имаме готовина, банката ќе не поддржи, а со помош на владата нејзината мерка за принуден одмор, убедени сме дека ќе успееме д ја пребродиме кризата, иако даваме се од себе да ја минимизираме штетата и да заштедиме.

Исто така, Гранд побара од своите 850 членови да не бараат враќање на парите за влезниците кои тие ги купиле.

ако некој член купил дополнителни влезници тој е во состојба да помогне и ние тоа многу ќе го цениме, задржете ги тие влезници за да ги подобриме нашите финансии. овогодинешните карти нека ги замена за карти за следната година без никакви трошоци, тоа многу ќе ни помогне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ