Силверстон сакаат трка во работен ден

Силверстон се спомнува како локација каде треба да се одржат повеќе трки сезонава, а оперативниот шеф на патеката, Стуарт Прингл, изјави дека постои можност да организираат и трка во средина на неделата, во работен ден.

Шест недели по трката што требаше да се одржи во Австралија, сеуште сезоната не е започната. Се верува дека сезоната ќе започне во Јули со можни две трки во Австрија и можност едната да биде во четврток.

Силверстон се надева на три трки од кои исто така една во текот на неделата. Прингл смета дека се е можно и изводливо од перспектива на Силверстон.

Ако е во текот на истиот викенд мислам дека Формула 1 има можност да ги контролира тајминзите и тоа да биде одобрено од ФИА. Може да ги отвориме вратите за трки во текот на неделата или како и да сакаат. Треба да дадеме подршка – потенцираше прингл.

На Силверстон само му недостасува светла околу патеката, но оперативниот шеф тврди дека тоа не е проблем доколку се одржи трка во текот на летото.

Мислам дека ќе биде фино. Искрено, претходните правила не функционираат сега. Немаме осветлување, но сепак зборуваме за јули или август каде има долг ден.

Мислам дека треба да се земе пример за прекршување на моменталното статус кво и трката да оди од другата страна бидејќи некои делови може да треба да се преправаат. секој формат е можен, ние сме флексибилни и Ќе работиме со Формула 1 за да најдеме решение за да почне сезоната. Ќе направиме колку што е потребно да им помогнеме и да се вратиме во добра форма.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ