Силверстон се понудиле да организираат 12 трки

Оперативниот шеф на Силверстон, Стјуард Прингл, откри дека патекатаа понудила на Формула 1 да организира цел календар, односно 12 трки за неколку месеци.

Во моментов се потврдени 13 трки од календарот, Австрија и Британија ќе имаат по два настани на иста патека, додека нови првично непредвидени во календарот патеки се Муџело, Нирбургринг, Портимао и Имола.

Првата трка на легендарната патека ќе биде Британско Гранд При, додека следнаа ќе биде Гранд При по повод 70-годишнината од Формула 1.

ние најавивме дека на секој начин ќе го поддржиме спортот со се што можеме. во еден момент им го ставивме автодромот на располагање неколку месеци за организирање на сите трки.

доколку беше разумно да се одработи цел календар од едно место ние немавме ништо против. се размислуваше да дојдат италијанските тимови, швајцарската екипа и луѓето од пирели, да се паркираат на силверстон неколку месеци и да се тркаме 12 пати пред телевизиските камери – откри прингл.

Секако дека 12 трки на иста патека ќе беа многу здодевни за фановите, што било и главен мотив на Либерти Медиа да се откажат од таквата идеја.

таквата идеја брзо беше напуштена затоа што ќе беше многу здодевано, но потоа се вратија и ни рекоа дека би им помогнале многу со две трки на нашата патека.

во првиот месец може да се одработат половина од 8те трки предвидени за еден шампионат, така што намерата беше истите да се одржат на патеки каде контролата може да се спроведе, карантинот да се контролира и со тоа многу да се олесни на календарот.

По трите едно по друго трки на почетокот на годината, екипите имаат еден празен викенд пред нова тројна програма која започнува со две трки на Силверстон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ