Симондс: Не ни треба драма со дупнати гуми

Главниот технички директор на Формула 1, Пет Симондс, ја поддржува идејат за намалување на потисната сила во спортот од следната сезона поради тоа што на Формула 1 не и требаат дупнати гуми за време на трките.

Британското Гранд При беше хаотично последните кругови откако гумите на Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Карлос Саинз не го издржаа оптеретувањето од Силверстон, финецот и шпанецот се откажаа, но актуелниот првак успеа да стигне до крај и да победи.

Проблемите од Силверстон ја примораа ФИА да ги разгледа нивоата на потисна сила за следната година со цеп Пирели да нема толку тешка задача, така што наложени се одредени подесувања за следната година откако оваа имаше преправки кај подот кои се смета дека ја намалиле потисната сила за 5%.

Преправките и модификациите предвидени за 2021 година е планирано да донесат 10% намалување на потисната сила.

наша примарна цел е да имаме добро тркање, а тоа бара безбедност. она што го правиме во кое сме целосно вклучени и посветени е многу прагматично.

силверстон беше многу драматичен, но не сакаме драматични трки на тој начин затоа што драмата може да се долови и без толку голем ризик – вели симондс осврнувајќи се на проблемите со гумите на трите болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ