Смедли: Тимовите брзо ќе напредуваат

Инженерот Роб Смедли верува дека со новите правила, возачите ќе бидат поблиску еден до друг на трките и дека тимовите ќе ги искористат сивите зони. 

Оваа сезона треба да видиме нови правила и целосно нов дизајн на болидите. Веќе неколку тимови ги покажаа болидите и сите изгледаат различно, а Смедли верува дека правилата се добар старт и тимовите ќе донесат многу иновации. 

Концептот на аеродинамиката е тука за да направиме болид со вакум ефект прилепен на патеката и да го избегнеме нечистиот воздух. Теоретски и научно е добро и мислам дека ќе успееме. Тимовите брзо ќе напредуваат и нема сомнение дека во која насока и да се оди тие ќе бидат одлични – посочи смедли.

Правилата се дизајнирани преку комплексни компјутерски симулации и користење на модели и воздушни тунели. 

мИслам дека ова е убавината на Формула 1. Да ги знаевме сите одговори и да работевме по нив, мислам дека ќе ни беше досадно. Како што кажува Рос, не може од прва да е како што треба. Треба да се напредува. Секој чекор напред ни носи учење и тоа е одлично за да изградиме подобар спорт. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ