Советот на Мајами се подготвува за гласање

Формула 1 трка низ улиците на Мајами е се поблиску до реалност откако е најавено гласање во советот на градот Мајами за одржување трка на 28 Март.

На редовната седница на советот формално ќе се разгледаат планови за трка во Мајами за прв пат откако беше донесена резолуција за вакво нешто на 27 Септември минатата година. Тогаш беше одлучено да нема трка оваа година, но да се разгледаат планови за понатака.

Во последните 6 месеци, Формула 1 персонал продолжува со работа со клучни луѓе во Мајами за да ги придвижат работите. Договорот е комплициран поради тоа што вмешани се од организацијата Формула 1, промотерот South Florida Racing, градот Мајами и Bayfront Park Management Trust. Последната компанија е сопственик на земјиштето на кое би бил најголем дел од патеката на пристаништето.

Според последните гласини работите си доаѓаат на свое место и само е потребно позитивно гласање во советот на градот за да се премине на следната фаза. Оригиналниот настан е одложен до најмалку 2020 година.

Резолуцијата гласи:

Градскиот совет сака да ги информира SFR и Формула 1 да организираат трки во градот од 2019 до 2029 и фестивал за фановите во октомври 2018 како дел од договореното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ