Сообраќајот решен, но продажбата на влезниците намалена

Организаторите на Француското Гранд При се задоволни од новиот начин на менаџирање на сообраќајот кој е покажал како успешен во Петок откако ланското издание предизвика ужас и неред на патиштата и доцнење на гледачите.

Ерик Булие, поранешниот шеф на Мерцедес кој е сега стратешки советник на организацијата на Ле Кастелет видел охрабрувачки резултати од сребаотеното.

во ова време од денот имавме 6 илјади луѓе на патеката затоа што сите беа заглавени на патот, а во моментов имаме 15 илјади. екогаш кога некој ќе мине низ вратата се скенира влезницата по штоа имаме точно бројк кој се наоѓа на патеката. лани беше лошо, прифативме вина и се извинивме. годинава пробавме нов модел кој очигледно дека работи – изјави булие помеѓу двете тренинг сесии во петок.

Французинот објасни дека капацитетот за важните гости е зголемен за 50% и истиот е веќе распродаден. Патеката се наоѓа на рид помеѓу Марсеј и Тулон, а ланското издание беше прво по пауза од 28 години.

лани имавме 160 илјади луѓе вкупно во трите денови. сега, додека разговараме имаме продадено 135 илјади влезници што значи дека сме 25 илјади посетители посалби од лани. но, помеѓу сега и недела ќе продадеме барем уште 5 илјади карти и очекуваме да дојдеме до кај 140 илјади што не е лошо за втора година.

Лани голем дел од публиката пропушти доста од тркачкиот викенд поради закоченост во сообраајот поради тесните пристапни патишта кои имаат капацитет да пропуштат 1.400 возила на час, додека над 25 илјади возила пробале да дојдат до Пол Рикар во Недела лани. Гужвата не влијаетше врз возачите и тимовите кои остануваат во луксузни хотелит крај патеката, додека важните гости биле носени со хеликоптери.

Патеката исто така има и сопствен аеродром за мали приватни авиони, додека медиумите и тимскиот персонал се движат по посебна лента до автодромот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ