Социјалното дистанцирање ќе влијае над редарите

Формула 1 редарите ќе бидат поставени на поинакви локации на првите трки од сезоната споредено со претходните настани како резултат на мерките за социјално дистанцирање.

Новата сезона започнува викендов во Австрија, каде луѓето мора да бидат оддалечени еден и пол метар, а Формула 1 обезбеди “биосфера“ во обид да ја осигура безбедноста на тие кои ќе работат на трката, како и седумте трки потоа.

Но, адаптираните локации за редарите сеуште ќе ја обезбедат истата гледна точка и пристап на Ред Бул Ринг, според Лука Де Анџелис, инженер во ЕМ Моторспорт, официјалниот снабдувач на Формула 1 за ЛЕД панели.

Веќе е предизвик, но оваа година ќе биде поголем, почнувајќи од носењето маски, ракавици, санитаризација, како и избегнување на директен контакт со луѓето. Најчесто редарите се лоцирани заедно на едно место. Во Австрија, ќе има 15-16 сектори со редари. Тоа значи дека ќе има 15-16 редари кои ги контролираат панелите.

Мора да се осигураме дека една личност може да седи на локација одвоена од останатите и од луѓето кои работат на патеката, но сепак да биде во можност да гледа се што се случува во неговиот дел од патеката. Тие ќе бидат поставени на 400-500 метри од панелите за знаме. Со тоа, тие ќе бидат поставени во зони и сеуште ќе може да менаџираат, контролираат и да ги користат панелите со социјално дистанцирање.

Во овој случај, многу е корисно и од голема помош да се има ваков систем бидејќи може да спречи интеракција помеѓу редарите. Помалку е жално, бидејќи не го сакаме тоа, но тоа е за нивно добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ