Стаинер нема проблем со Нетфликс

Гунтер Стаинер нема ништо против тоа како е претставен во последната сезона од Drive to survive серијалот на Нетфликс која имаше премиера во Петок.

Гунтер стана омилен лик на фановите уште од прватра сезона на серијаот поради својата искреност, отвореност и зборување без “влакна на јазикот“. Во последната сезона тој е во фокусот во епизодата која детално го опишува Бахреинското Гранд При и силниот судар на Роман Гросжан.

Инженерот нема изгледано ниту една сезона, иако ветуа дек тоа ќе го стори наскоро, но нема никаков проблем во однос на тоа како “филмаџиите“ од Нетфликс го покажуваат.

ги знаеме филмските работници, тие сакаат да извадат максимум од она што го имаат, тоа им е јасно на сите. навистина не знам што е точно прикажано и поради тоа не сум свесен за никакви критики, но тие се одлични, а секој има право на свое мислење.

оние кои снимаат филмови секогаш сакаат да извадат најмногу од она со што располагаат за да гледачите уживаат, а ние мораме да живееме со тоа.

се додека покажаните стории не се целосно погрешни, а не гледам дека е така, јас неам проблем. можеби се по малку претерано сензационализирани, но не би менувал ништо азтоа што такви треба да бидат – смета гунтер.

Поради корона вирус пандемијата која беше во полн ек минатата сезона, луѓето од Нетфликс мораа букваоно да станат дел од тимот и да останат во тој “меур“ во текот на викендот, така што на тој начин имаат можност детално да снимаат в екипата. За Гунтер, дружењето со луѓето од Нетфликс било неприметно, така што многу често заборавал дека го снимаат, тие биле како дел од Хаас.

тие буквално се интегрираа во тимот во текот на викендот, а годинава ќе биде поинаку. понекогаш имав микрофон над глава, а не го ни приметував тоа, инаку знаев кога точно ме снимаат.

понекогаш знаат да подметнат микрофон за подобро аудио, но знаете кога го прават тоа, го гледате микрофонот, освен ако не се занесете премногу.

тие се однесуваат на ист начин, така што по некое време не ги ни приметувате, стануваат дел од секојдневието и немаме апсолутно никакви проблеми со нив. супер се, одлични се и само си ја вршат работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ