Строл: Минатата година покажа што можеме

Младиот возач на Астон Мартин, Ленс Строл, смета дека неговите перформанси во 2020 година му одговориле на многу прашања за неговите можности со добар болид. 

Канаѓанецот ја имаше неговата најдобра сезона откако два пати заврши на подиум и имаше пол позиција. Ленс им помогна на Рејсинг Поинт да стигнат до 4та позиција кај конструкторите откако во последната трка го изгубија 3то место од Мекларен. 

Тимот направи голем исчекор со болидот за оваа година откако го ископираа дизајнот на ланскиот Мерцедес, а Ленс изјави дека ова е најдобриот Формула 1 болид кој го возел во својата кариера. 

Доколку имате добар болид, ќе имате и добри резултати И тогаш ќе ја зголемите самодовербата. Понекогаш кога имате лош болид тоа ви се враќа. Посебно на почетокот на кариерата кога имате лош болид и не знаете што е добар болид се прашувате кои се вашите можности и какво е чувството во брз болид. Мислам дека оваа година си докажав многу на себе и Си одговорив на многу прашања од претходните сезони – откри младиот строл.

Строл е најмладиот возач кој се искачил на подиум во дебитантската сезона кога заврши на трета позиција со Вилијамс во Азербејџан во 2017 година. Но, понатаму, тимот почна да тоне и тој се префрли во Рејсинг Поинт откако татко му ја купи екипата. 

Дали сум способен да испорачам резултати? Дали можам да завршам напред? Дали можам да имам добри квалификации? Се прашував дали имам конкурентен болид и колку е подобро во него? Додека не го пробав овој болид не ја знаев разликата. Ова беше моја најголема предност да бидам во добар болид. Тоа ми даде многу самодоверба, Ми даде можност побрзо да влегувам во свиоците и да го форсирам болидот. Кога си во лош болид немаш можност да одиш напред и тоа многу влијае на тебе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ