Строл ја продава својата патека во Канада

Најголемиот сопственик на производигтелот на автомобили Астон Мартин и прв човек на Формула 1 екипата, милијардерот Лоренс Строл, ја огласи за продажба својата патека во Канада, славниот Монт-Тремблан.

Лоренс е сопственик на патеката од 2000 година и инвестирале доста во модерна инфраструктура вклучително и нов асфалт како и проширување на патеката со цел да се добијат поголеми можности за претекнување. Во негово време се додадени и нови песочни површини за излетување согласно безбендосните стандарди на ФИА, Медицински центар иако сеуште патеката нема највисока оценка од страна на Федерацијата и не е кадарна за Формула 1 трки.

Славната патека беше домаќин на Канадското Гранд При во 1968 година и во 1970 година на кои победија Дени Хулм на Мекларен и Џеки Икс на Ферари, соодветно. Патеката ел оцирана крај живописното село Монт-Тремблан кое е познат скијачки центар.

Строл ги консолидира своите моториспорт активности во Астон Мартин, многу троши и инвестира во Велика Британија, за да го прероди славниот бренд и да создаде нова фабрика за својата Формула 1 екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ