Стјуардите се пишманија, нема казна за Ботас

Валтери Ботас првично доби казна од 10 позиции за промена на менувачот, но Техничкиот делегат направи преправка на својот извештај и сега финецот има само 5 позиции назадување на гридот по денешните квалификации.

Делегатот посочи дека финецот добил нова менувачка линија, компоненти за промена на брзините и помошни компоненти како и куќиште за самиот менувач и касета. Но, дополнителните проверки поакажле дека променето е само куќиштето и касетата.

Но, поради промена на моторот, тој ќе добие вкупно 15 позиции назадување во однос на квалификацискиот реултат.

по појаснувањето од техникиот делегат, стјуардите ја промеија својата одлука која првично беше 10 позиции за промена на менувач во 5 позиции за истото.

првичниот извештај беше дека болидот добил повеќе делови во менувачот но по темелната анализа, техничкиот делегат посочи дека тоа не било случај и поради тоа дојде до преинаување на одлуката на стјуардите – се вели од контролата на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ