Судот заклучи дека Макс Мозли се замоубил

Поранешниот Претседател на ФИА, Макс Мозли, кој почина минатата година, се самоубил.

Судот во Вестминистер, врз база на наодите од значителни повреди од огнено оружје, дојде до заклучок дека смртта настанала со самоубиство. 81-годишникот кој беше прв човек на Федерацијата од Октомври 1993 година до Октомври 2009 година, беше пронајден мртво во својот дом во Лондон на 23 Мај минатата година. Судот заклучи дека тој се самоубил откако му била дијагностицирана тешка форма на рак, зборувал за можно самоубиство, а оставил и порака. Полицијата го пронашла во својот кревет со пушката во раце.

беше очигледно дека ја искористил пушката за да си нанесе повреди кои му го прекинаа животот и дека со такви повреди не можеше да преживее.

Мозли од Октомври 2019 година е третиран за лимфома (форма на рак која ја зафаќа имунолошкиот систем), но од Април 2021 година, по песимистичките проценки дека нема уште многу живот, фокусот на неогвото лекување е да си го подобри квалитетот на живот во последните мигови од истиот.

Тој е поранешен адвокат и аматерски тркач, фо ромираше Марч Инженеринг во 1969 година со Робин Херд, Алан Рис и Грахам Кокер и заедно стигнаа до 3 Гранд При победи, а уште поголеми успеси имаа во пониските серии. Си замина од компанијата во 1977 година и заедно со Берни Еклстон ја формираа Асоцијацијата на Конструктори во Формула 1 (ФОКА).

Замина од таму во 1982 година, се обиде во политиката пред да се врати во моторспортот како Претседател на Комисијата на производители на ФИА. Во 1991 годна го порази Жан Мари Балестре и стана Претседател на Француската автомобилистичка Федерција, а две години подоцна и на ФИА. На широко е признат како човекот кој ја подобри безбедноста во моторспортот за време на своето 16-годишно владеење со истиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ