Мозли: Ф1 не може да донесе рационален план

Поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли, изјави дека моменталната тактика за справување со кризата ги влошува работите за Формула 1 и тимовите, а повика на превземање драстични мерки.

Во моментов девет трки се откажани или одложени, додека наредната трка во Франција исто така “виси“ по одлуката на Претседателот на Франција дека јавните настани ќе бидат откажани и одржани до средината на Јули.

Многумина предвидуваат дека Формула 1 нема да започне до јули и останува да видиме како ќе изгледа календарот за оваа сезона.

Ризикот на чекање ги влошува работите и Нема гаранција кога ќе започнат трките. Тимовите и промотерите треба да планираат акција. Додека не знаеме што ќе се случи не може рационално да се размислува за план во Формула 1.

Рос Браун изјави дека организаторите планираат календар од 15 до 18 трки кој ќе започне во Јули и во кој ќе има три последователни трки со опција за две трки во викенд за да се намали логистиката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ