Сурер: Малкуте денови за тест се голем проблем за младите

Ниту еден од младите возачи не успеа да направи добар резултат на Имола и според Марк Сурер тоа е цената што мора да ја платат поради ограничувањето на тестирањата. 

Формула 1 имаше три дена за тест пред сезоната што значеше по еден цел и една половина од денот за двајцата возачи на секој тим. Сепак, некои тимови на јуниорите им дадоа и посебен тест како што беше случајот со Мик Шуамехер и Ферари, но Мазепин на своето деби во Бахреин излета по само неколку свиоци, додека Шумахер се изврте во текот на трката. 

Јуки Тсунода беше единствениот кој имаше добри перформанси во Бахреин, но сепак на Имола беше друга приказна. Тој излета на квалификациите и го искрши болидот, на трката се изврте и доби казна. Мик Шумахер имаше мал инцидент и заврши во бариерата додека Мазепин имаше малку потивка трка и ја заврши трката. 

Проблем се правилата за тестот. Како очекувате млад возач да направи искуство со толку малку време на тест пред сезоната. Тоа е смешно за секој млад возач кој треба да се чувствува удобно во болидот. Со три дена тест тоа значи минимално време поминато во болидот. Затоа младите возачи прават грешки. 

Сурер одговори специфично за Мазепин кој конечно успеа да заврши трка. 

Мислам дека не му е местото во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ