Танабе жали што Хонда си заминува

Техничкиот директор на Хонда Ф1, Тојонару Танабе, изјави дека жали што јапонците се повлекуваат од Формула 1 на крајот на сезоната. 

Хонда се вратија во спортот во 2015 година, но поминаа неколку ужасни години со Мекларен пред да преминат во Торо Росо и Ред Бул за сега да бидат најбрзиот мотор кој води во шампионатот. 

Лично жалам, Но незавиосно од резултатот, оваа година мислам дека одлуката нема да се промени. Ние си заминуваме – потврди танабе.

Хонда си заминува поради промена на приоритетите по втор пат за 13 години. Претходно си заминаа во 2008 годин кога беа фабрички тим кој го продадоа на Рос Браун и истиот стана шампион и беше продаден на Мерцедес. 

Хонда формално си заминува од Формула 1, но своите мотори ќе продолжат да се користат под ново име и ќе се произведуваат во фабриката на Ред Бул Пауертраинс. 

Ред Бул и хонда работат на проектот и сега се во фаза на транзиција. Не можам да дадам детали, но сме во вистинска насока и се припремаме за наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ