Тестот во Бахреин отворен за гледачи

Вториот овогодинеш предсезонски Формула 1 тест ќе биде отворен за гледачи, потврдија од Меѓународниот автодром на Бахреин.

Формула 1 годинава ќе има два тридневни предсезонски тестови, првиот на Барселона-Каталуња во Шпанија од 23 до 25 Фвруари, а вториот на една недела пред почеокот на сезоната. Тестовите ќе биде прво официјално прикажување на новите болиди за оваа сезона.

Но, тестот во Шпанија ќе биде зад затворени врати поради пандемијата и се поголемиот број случаи во земјата поради Омикрон варијантата. Бахреин ќе ги пречека болидите од 10 до 12 Март и потврдија дека ќе има публика на патеката, а начинот на кој ќе се менаџира со глдачите ќе биде откриен во деноите што следуваат.

Тестирањето нема гоелма публика вообичаено, иако картите се ефтини и достапни да се видат Формула 1 болидите од блиску. Годинава тестот е многу привлечен поради фактот што ќе биде прво појавување на целосно нова генерација болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ