Тешкото враќање на Хонда во Ф1 било клучно за добрите резултати

Од Хонда велат дека тешкото искуство при враќањето во Формула 1 во 2015 година било клучно за испорачување на перформансите кои ги имаат во моментов со кои се многу сериозни кандидати за овогодинешниот наслов.

Јапонците со помош на Ред Бул се борат за титула против Мерцедес откако веќе официјално потврдија дека на крајот од сезоната ќе заминат од Формула 1. Актуелниот успех е огромен ако се земе во предвид колку тие се мачеа при влезот во спортот, односно нивното враќање во тркачката серија преку Мекларен, кога очајно многу се мачеа со перформанси и изджливост на своите мотори. Следуваше разделба од Мекларен и насочување кон екипите на Ред Бул.

Со помош на Ред Бул, Хонда стигна до првата победа во хибридната ера во Австрија пред две сезони, а годинава одличниот Макс Верстапен го носи тимот во борба за највисокото признание. Техничкиот шеф, Тојохару Танабе, смета дека она што јапонците го научиле за време на тешкото враќање во спортот многу им помогнало да стигнат до денешниот успех.

тоа што немавме искуство многу ни ја отежна работата со сите тие откажувања од трки и дефекти во моторите, така што многу се мачевме за време на тркачките викенди. но, продолживме да работиме многу напорно за да стигнеме до нашата цел, а тоа не бепе само победи, туку и подобрување на перформанси и издржливосрт на моторот. тоа беа целите на нашите инженери.

од 2015 година, а потоа и сите кои следуваа, беше тешко за нашите луѓе, но во ниту еден момент не ни помисливме да се откажеме. продолживме да притиснаме, не беше лесно да се тркаме против сите тие екипи од падокот – појасни танабе.

Првичниот неуспех на Хонда во соработката со Мекларен многумина го толкуваа како знак дека јапонците ќе се откажат, но Танабе откри оти компанијата отсекогаш знаела дека напорната работа и прибраното искуство ќе им се исплати во иднина.

секако дека не беше пријатно што ние непрекинато, секојдневно и напорно работевме, а резултати немавме, моторите губеа моќ или откажуваа, но ние не престанувавме да работиме. тоа ни беше одлично искуство не само за инженерите туку и за луѓето од логистиката и механичарите, одлично се подготвивме за во иднина.

ако ви е тешко тогаш може да учите од работите и да најдете некое големо откритие во однос на технологијата, но и ментално, луѓето стануваат посилни, а со тоа и компанијата. среќата и тагата ни донесе искуство во проектот.

Танабе откри и дека нивната желба да се справат со слабостите кои биле очигледни во минатото им дозволиле да се доближат до перформансите на Мерцедес, кои се репер кај моторите. Брзината на правците на Ред Бул во однос на онаа на Мерцедес на долгите правци во Монца се чист доказ за моќта на јапонскиот мотор.

во минатото си ги анализиравме силните и слабите страни, особено слабите. посравивме цели во области каде сметавме дека треба да се подобриме за да се носиме со мередес, а една од тие беше користењето на собраната енергија.

сезонава склопивме нов агрегат кој имаше редизајниран мотор со внатрешно согорување кој требаше да ги засили перформансите во однос на енергијата кај нас. резултатите се согласно очекувањата, а разликата со мерцедес е драстично намалена. во монца бевме одлични споредени со нив претходните години и сето тоа се должи на новиот мотор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ