Тилке вклучен во проектот за патека во Рио

Славниот дизајнер на Формула 1 патеки, германецот Херман Тилке ќе биде одговорен за изгледот на проектот за патека во бразилски Рио де Жанеиро.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро силно го поддржа преместувањето на Големата награда на Бразил од Сао Паоло во Рио и откри дека патеката ќе го носи името Аиртон Сена. Но, во последно време стигнуа и одговор од Интерлагос и градските власти кои имаат договор и за следната година и не се откажуваат од организацијата.

Реномираниот весник Globo пренесува дека во Рио веќе се подготвуваат за изградба, а во Понеделник било добиено и одобрување од градските власти.

денешното одобрување е потврда на процес кој почна пред повеќе од четири години. го ангажиравме најдобриот во светот по техничкиот капацитет, херман тилке, за да гарантираме на рио патека за иднината на модерниот моторспорт – изјави ЈР Переира, промотерот на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ