Тилке ги брани своите дизајни

Херман Тилке побрз да врати на честите обвинувања дека тој е архитект и умот кој стој зад денешните здодевни Формула 1 патеки.

Германецот и неговата компанија се редовно задолжени за конструкција на нови патеки во Формула 1 календарот, а нивни последни проекти се кинески Шангај, руски Сочи, пустинскиот Бахреин и Јас Марина на Абу Даби.

никогаш не сме имале чист лист хартија и целосна слобода пред да почнеме со дизајнирање на патека. има толку многу ограничувања, а едно од нив се безбедносните стандарди кои константно еволуираат од смртта на аиртон сена.

секогаш се работи за парче земја кое не е наше и поради тоа мораме да ја почитуваме културолошката и историската традиција. тука се и трошоците на инвеститорите кои сакаат повеќе наменски објекти.

последниот наш проект е ханои кои се надеваме дека ќе биде подготвен за следната година. нити овој пат немаме одврзани раце, но се навикнавме на тоа – изјави тилке во своето интервју за италијанска La Repubblica.

Германецот откри дека возачите многу често му помагале до дизајнирање на патеките, но никој тоа не го правел повеќе од легендарниот Михаел Шумахер.

многу му должам на него. му ги покажав моите први скици и секогаш ми даваше многу време за корисни информации како да ги подобрам. дури и денеска многу возачи ми помагаат, но никој како михаел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ