Херман Тилке за сударот на Гросжан

Херман Тилке, славниот германски дизајнер на тркачки патеки кој ја има дизајнирано и она во Бахреин, верува дека иало неколку причини кои го направиле сударот на Роман Гросжан толку жесток.

Спортот беше сведок на најстрашниот судар по подолго време откако Роман со огромна брзина удри во бариерите крај патеката, болидот се подели на два дела, а се случи и силна експлозија. Дека беззбедноста во Формула 1 е на врвно ниво сведочеше и фактот дека францускиот возач мина само со изгореници на рацете во страшен судар.

се може да се скрши доколку се дејствува со доволно голема сила, а во сударот на гросжан се споија неколку фактори.

несреќата се случи на правец каде зоните за излетување се тесни, а бариерите се паралелни на патеката. аголот на удар беше буквално 90 степени и доколку беше поостар болидот ќе ја апсорбираше енергијата со поголем дел затоа што измерените 53Г беа страшно многу за судар.

со толку силен удар секако дека ќе беше многу подобро зад банкината да иаше нешто што ќе ја засили како на пример редови гуми. во други судари тоа може да е контрапродуктивно затоа што пожарот лесно може да запали гуми – анализира тилке.

Многу често во Формула 1 се случува по сериозен судар да бидат воведени многу нови безбедносни мерки потоа, но Тилке не смета дека треба да се избрзува со нови мерки затоа што може да се создадат други безбедносни проблеми.

се има предност, но и негативна страна и мора да се биде внимателен за да не се влоши ситуацијата. на пример, ако возите автомобил и ставите ремен, знаете дека тој ќе ве заштити во случај на незгода. во 0,001% од несреќите е подобро да не се носи заштитен појас, но никој нема да не го стави на себе.

фиа внимателно и темелно го истражува сударот затоа што поставениот систем работеше добро многу долго време, а несреќа и судар во ваква форма се случува прв пат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ