Тојота со трета Ле Ман победа по ред

Со трета последователна победа, Тојота ја “затвори завесата“ на престижната ЛМП1 класа во ендјуранс тркањето на слвната 24 часа Ле Ман.

Хибридниот ТС050 возен од Себастиен Буеми, Казаки Накаџима и Брендон Хартли победи на последната трка од класата пред промените за следната година За Буеми и Накаџима ова беше трети триумф по ред, додека за Хартли беше втора победа по онаа со Порше од 2017 година.

Вториот автомобил на јапонците, оној со број 7 возен од Камуи Кобајаши, Мајк Конвеј и Хозе Мариа Лопез, имаше механички проблеми и финишираше на 3то место зад Ребелион возен од Бруно Сена, Норман Нато и Густаво Менде. Во топ 4 имаше уште еден Ребелион, оној на Думас, Беретон и Делтраз.

Петтопласираниот на трката севкупно беше и победник во ЛМП2 класата и тоа беше Јунајтед Аутоспорт Орека возен од Пол ди Реста, Фил Харисон и Филип Албакерк кој успеа да ја победи ЈОТА Спорт Орека на Да Коста, Дејвидсон и Гонзалес.

Победата во ЛМГРЕ Про класата им припадна на Астон МАртин возен од Алекс Лин, Максим Мартин и Хари Тикнел кои ги победија Корсе Ферари на Каладо, Пиер Гуиди и Сера. Астон победи и во аматерската ЛМГТЕ АМ класа благодарение на Џонатан Адам, Чарли Иствуд и Салих Јулц.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ