Тсунода: Моторот на Хонда покажа очигледен развој

Јапонскиот дебитант, Јуки Тсунода, имаше охрабрувачки повратни информации за моторот на Хонда по ветувачкиот прв ден на тестирање за АлфаТаури.

Јапонскиот производител на мотори го напушта спортот на крајот на сезоната годинава и има намера да остави трага во спортот со славење во светскиот шампионат. Ред Бул беа репер по првиот ден тестирање  на патеката Шакир со Макс Верстапен кој обезбеди најбрзо време и најмногу кругови од кој било друг на гридот.

Сепак, има и нов регрут во АлфаТаури, Јуки Тсунода, кој изјави дека дефинитивно може да забележи дека се постигнати придобивки со агрегатот на Хонда, вклучително и кога станува збор за чувство за темпото во еден круг.

Мислам дека Хонда направи прилично добар чекор во споредба со моторите од претходните години, особено во перформансите за квалификацискиот круг. Чувствувам подобрувања, особено во најголемата брзина, така што е позитивно – вели Тсунода.

Како и да е, тој доживеа неколку проблеми додека заедно со останатите возачи се бореа низ прилично попладневната песочна бура.

Но и од другата страна, има проблеми со менувањето и исто така малку проблеми со постојаност. Но, дефинитивно ни донесе придобивки во моќта, така што за Хонда е навистина добар, позитивен ден.

Коџи Ватанабе, главен директор за бренд и комуникациски операции во Хонда, ја повтори желбата на производителот да ја освои титулата оваа сезона и уште еднаш ја спомена фрустрацијата што не можеше да се стави крај на владеењето на Мерцедес во 2020 година.

Фрустрирачки беше што не можевме да му парираме на врвниот тим.

Ова е последна година во Формула 1 и нашата цел е да ја освоиме шампионската титула. За да го сториме тоа, мора да бидеме конкурентни уште од првата трка и се надеваме дека ќе направиме голема километража на овој тест, напредувајќи со двата тима.

Иако имаме голема почит кон сите четири наши возачи, ние сме особено задоволни да го пречекаме Јуки Тсунода во Скудерија АлфаТаури, кој дојде преку програмата за развој на возачите на Хонда.

Тој е дебитант, но го докажа својот талент и брзина на минатогодишниот шампионат во Формула 2. Ќе му ја дадеме целата поддршка што можеме, да му помогнеме да ги постигне своите цели во Формула 1.

Конечно, знаеме дека Хонда има многу фанови ширум светот и се надеваме дека во 2021 година ќе им обезбедиме многу возбуда на вистинскиот пат и одлични резултати за да им се оддолжиме за нивната поддршка – изјави Ватанабе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ