ТЦР Европа, Јарама: Бенани шампион, PSS Racing со двоен топ 10 финиш

Сезоната во ТЦР Европа првенството заврши на патеката Јарама, а нашиот македонски тим на PSS Racing Team покажа одлична форма и перформанси со двоен пласман во топ 10.

Променливите временски услови не овозможија лесна трка, но со фокусирано возење и одлични преткенувања, Франк Џиролами и Виктор Давидовски ја завршија сезоната на најдобар можен начин, со пласман на 8та и 10та позиција поединечно во втората трка на Јарама. Ова е одличен резултат за двајцата возачи, земајќи предвид дека сите Хонда автомобили, не само тие на PSS Racing, викендов имаа проблеми со подуправување.

Во трка исполнета со драма, шансите на Мајк Халдер да нападне по грешката во првата трка исчезнаа кога излета возејќи на 10то место и принуди безбедносно возило, што го остави Меди Бенани лесно да извози до својата титула во првенството со неговиот Ауди РС3 ЛМС.

Екипата на PSS Racing ќе ја заврши сезоната во топ 10, од вкупно 14 тимови. Тимот со одлично подготвените автомобили годинава можеше да се пласира и на повисока позиција, но поради рестрикциите за патување при Корона вирусот, Давидовски отсуствуваше од секоја трка, освен таа во Италија на Монца и викендов на Јарама.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ