ФИА детално ја објасни забраната за политички изјави

ФИА детално ја објасни контроверзната забрана за политички, лични и религиозни изјави која е воведена од оваа сезона.

Минаите неколку години, возачите без проблем ја користеа Формула 1 како платформа за д го кажат своето мислење за одредени работи како на пример инклузивноста, разликите и климатските промени. Но, со ревизијата на спортскиот кодекс на Федерацијата од лани, неодобрените изјави од таков вид ќе бидат санкционирани, а возачите не се задоволни од оваа одлука сметајќи дека с есилно ограничени.

ФИА побрза да даде дополително објаснување во врска со забраната посочувајќи дека клучната работа на спортот, а тоа е неутралноста и немешањето на политиката и религијата остануваат не променети. Дополнително, тие велат дека нивните тркачки серии како платформи не смее да се користат за индивидално проповедање на некакво мислење и поради тоа имаат за цел да го спречат тоа, а не да ги замолчат возачите.

Ситуации во кои ФИА смета дека возачите смеат да даваат политички и лични изјави се:

  • преку нивните социјални профили
  • за време на интервјуата со акредитирани медиуми
  • за време на прес конференциите, но само како одговор на директно прашање од акредитирна новинар

Ситуации во кои ФИА смета дека возачите не смеат да даваат политички и лични изјави се:

  • прес конференција, освен како одговор на поставено прашање од акредитиран новинар
  • активноси на патеката како на пример парадата на возачите или интонирањето на химните
  • изјави пред или после трката како на пример цереномијата на подиумот, собата за одмор по крајот на трката или групното фотографирање

За било каква изјава, возачите може да бараат дозвола од ФИА со поднесување на писмено барање најмалку четири недели пред настанот, а доцна поднесените барање ќе бидат разгледувани на ндивидуална основа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ